Sunday, December 13, 2015

ПАСТРМАЈЛИЈАДА ШТИП


Секоја година во чест на гурманскиот специјалитет-пастрмајлија, градот под Исарот одржува манифестација „Штипска пастрмајлијада“, манифестација која прерасна во традиција. Штипската пастрмајлијада годинава се одржи во близина на Градскиот стадион, а вкупно 26 угостители од градот го изложија овој гурмански специјалитет на своите предходно монтирани штандови.

Манифестацијата се одржува три дена, а посетителите ги забавуваат познати музички ѕвезди од Македонската, но и од Балканската естрада. Годинава дел од музичките имиња кои го разубавија овој гурмански настан беа Јордан Митрев, Калиопи, Жељко Самарџиќ и Светлана Ражњатовиќ-Цеца.


 Во рамките на манифестацијата се одржува и натпревар во брзо јадење на пастрмајлија и трка на келнери, а претставена беше и џиновска пастрмајлија која можеа да ја вкусат сите кои на отворањето ќе се најдеа на гурманското случување.



Годинава ниту дождот не го попречи завршувањето на „Штипска пастрмајлијада 2015“. Десетици илјади посетители од цела Македонија, како и гости од Србија и Бугарија го посетија овој настан.



No comments:

Post a Comment